Мисовски: Џафери е најдобриот претседател на Собрание што сме го имале

t

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски од НСДП, за аудио снимката од која се слуша како собранискиот спикер Талат Џафери вика, пцуе и ги навредува собраниските службеници вели дека е политичка пресметка. Според него Џафери е најдобриот претседател што Собранието го имало досега.  Претседател на собранието беше и неговиот партиски лидер, Тито Петковски, чија позиција треба да ја преземе токму тој ако еден период на таа функција беше и се` уште актуелниот претседател на неговата партија, Тито Петковски, за чиј наследник се подготвува.

Не се најде политичка партија од власта која го осуди однесувањето на собранискиот спикер. Нема дури ни коментар.

Опозициските партии, кои поведоа постапка во Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и предложија пратеници кои се подготвени да сведочат за однесувањето на Џафери,  денеска излегоа со нови обвинувања дека намерно не се закажува седницата на комисијата која треба да расправа за аудио снимката.

Пренџов тврди дека, за време на случката, во пленарната сала имало повеќе пратеници од власта и ги охрабрува да посведочат и тие за однесувањето на собранискиот претседател. Од  Џафери и неговиот кабинет не ја коментираат иницијативата на опозицијата за дисциплинска постапка против него, која се заснова на кршење на етичкиот кодекс на пратениците. Неколку дена по ред нема збор ниту за аудио снимката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…