МИСТЕРИЈА e смртта на рускиот началник на Херсон: ТРИ ДЕНА ПРЕД ТРАГЕДИЈАТА го критикувал РЕЖИМОТ НА ПУТИН!
Во сообраќајна несреќа денеска загина Кирил Стремусов (45), кој во Украина важи за еден од главните предавници. Тој е многу контроверзна личност, а особено е интересно она што го кажуваше пред смртта.
Заменик–шефот на администрацијата на регионот Херсон, Стремусов, само три дена пред неговата смрт ги критикуваше руските власти, поточно министерот за одбрана.
Тој ги обвини, како што рече, „неспособните воени лидери“ за повлекување на руската армија, поради што украинските војници во последните денови ослободија значителен дел од територијата на северот на областа Херсон.
– Многумина велат дека министерот за одбрана, кој ја дозволил ваквата состојба, можел како офицер да се самоубие. Но, знаете, зборот „офицер“ за многумина е неразбирлив збор, рече Стремусов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве кои се компаниите за брзи кредити…
Скопското Тиго и тетовското Фикс кредит, дознава…
Трамп најави нови царини за 13 земји…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи…
(Фото) Професорот Фрчковски меѓу присутните: Протест на…
Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание,…
ЕК очекува сите земји членки на ЕУ…
Европската комисија денеска појасни дека се очекува…
Мерц: „Ќе ѝ покажеме на Русија каде…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека руските…