Митовски и Милошевски: Владата бегаше од сопствениот народ, вриеше од полиција тука – екипата на Инфомакс беше нападната вербално
Во првата емисија “На Улица”, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски и новинарот Милош Милошевски, дадоа коментар на денешниот ден и целата церемонија по повод чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев.
Еве што рекоа тие:
“Владата буквално бегаше од сопствениот народ. Велат дека ги смируваат двете држави но народите се се поскарани меѓусебе.
Од друга страна здружението Македонија кое е од Македонија, а го водат самодекларирани Бугари ја нападнаа вербално екипата на Инфомакс.
Навивачката група Комити беа запрени со силно полициско обезбедување, па подоцна со исто такво обезбедување беа спроведени за на срамен начин да положат цвеќе пред гробот на Гоце Делчев, додека Бугарите овде развејуваа бугарско знаме.
Беа опоменети од чуварот на црквата да не провоцираат, но тие не престанаа.
Ова не е заедничко чествување, ова е разделување на двата народи.
Ако се чествува заеднички делегациите не треба да положуваат цвеќе една по една, туку заедно.
Позитив на денот беа Комитите и младите македонски студенти кои беа спремни со своите тела да го бранат гробот на Делчев.
Тие покажаа дека македонската историска мисла не е згасната, дека се уште има надеж.”
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/692444162123022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деветнаесетгодишник нападнат од непознато лице додека се…
На 15.05.2026 година во 21:10 часот во…
(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Левица: Државна лотарија како мегафон на власта
„Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под…
(Во живо) Трендафилов: Годинава веројатно ќе започне…
Состојбата не е ни малку добра за…
Условена казна затвор од 5 години за…
Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО…