Митровски и Пешевски поднесоа барање за присуство на собраниската седница за амнестија на осудените од 27 април

t

На 16 март на дневен ред во Собранието ќе се најде предлог-Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април, кој е поднесен на иницијатива на адвокатите Јанаки Митовски и Драган Пешевски.

Адвокатите остварија средба со претставници на речиси сите пратенички групи во Собранието, а поддршка за Законот добија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ВМРО-НП и Демократски сојуз на Павле Трајанов.

Воздржан став за Законот имаат СДСМ, ЛДП и албанските политички партии но според информациите на адвокатите потребаната поддршка од 41 пратеник е веќе обезбедена, потребно е единствено обезбедување на кворум во Собранието тој ден.

Вчера Митровски на Фејсбук објави дека е поднесено барање за присуство на адвокатите на собраниската седница на 16 март.

– Поднесовме барање за присуство на седницата на која ќе се гласа дали предлог Законот за амнестија на осудените за 27 Април ќе се стави на дневен ред, на ден 16.03.2023 година.

Инаку не сакаа да го примат барањето со РМ!!!! – напиша Митровски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април изнесува 39.134…

Просечната нето плата во април изнесува 36.134…

Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…

Дневен хороскоп за понеделник (25.04.2022)

Овен Работа: Овој период ќе го означи…