Мицкоски бара од Фетаи и Меџити да се извинат доколку ги користеле службените возила за партиски цели

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска побара вицепремиерот Арбен Фетаи и Изет Меџити да се извинат доколку ги користеле службените возила за партиски цели. Пред десетина дена, службените возила на двајцата функционери биле фатени во 23 часот навечер паркирани на булевар кај ТЦ „Мавровка“, во непосредба близина на партискиот штаб на ВЛЕН.

Според премиерот, доколку возилата биле користени за партиски цели и приватно, тогаш двајцата вицепремиери треба да им се извинат за граѓаните затоа што ги трошат нивните ресурси.

-Доколку биле на состанок на тема поврзана со владините политики, тогаш во ред. Претпоставувам тие ќе го дадат одговорот, а и јас ќе ги прашам, кажа денеска Мицкоски на пуштање во употреба на затворен базен во Кисела Вода.

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Биљалл Касами, за користењето на службените возила од страна на функционерите и негови партиски колеги, вели дека тие биле на некој состанок во служба на позицијата што ја носат. Касами, како што рече, не верува дека Меџити и Фетаи се состанале за политички работи без и тој да биде присутен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…

Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…

Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…

Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…

Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…

Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…