Мицкоски: Владата сега се задолжува за да врати стари долгови, направени од СДСМ
По обвинувањата од опозицијата дека Владата за две години брутално ја задолжила Македонија за четири милијарди евра, а во одговор на новинарско прашање на што ќе се трошат парите од новото задолжување, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата сега се задолжува за да врати стари долгови, направени од Владата на СДСМ. Тој и денес на прашањето за јавните финансии правеше споредби колку се задолжила оваа Влада, во споредба со претходната Влада предводена од СДСМ.
-Владата во овој период се задолжува за да врати стари долгови. Да бидам попрецизен пред некој ден имаше интервју поранешен висок функционер во Владата на СДСМ и ДУИ, кој што беше на времето беше дел од раководството на Левица, а потоа направи трансфер во Министерството за финансии во кабинетот на министерот Тевдоски, а денес се преставува како експерт. Ќе ве потсетам тоа се творците на таканаречениот прогресивен данок. Тој самиот кажа дека кога дошле во Министерството за финансии, за камати плаќале 120 милиони евра, а сега, втора година Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ плаќаме 350 милиони, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…