Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити за да горат модуларни болници
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити за да горат модуларни болници, вели денес во изјава за медиумите премиерот Христијан Мицкоски во врска со обвинувањата дека Владата го фингира јавниот долг.
– Ја слушав онаа прес конференција која штоја имаа пратеници во рамките на македонското собрание каде што имаше две тези кои што сами по себе се небулозни, и на отворена сцена покажуваат непознавање. Ги разбирам, сепак тоа не е фабрика за јужно овошје или компанија за јужно овошје и да тргуваат со стабри вакцини или пак да горат модуларни болници, тука се експерти. Но, кога станува збор за економијата, освен арамилук и лоповлук друго не им е во нивната политичка матрица, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на критикита на опозицијата околу Јавниот долг.
-Но, каква е вистината и кава е реалноста?! Првата теза беше зошто не биле запишани оние заеми кои што Државното јавно претпријатие за джавни патишта ги зема, затоа што тие не влегуваат во јавниот долг и тоа треба да го знаат затоа што има Закон за јавен долг и тие заеми се рамковни, односно во зависност од тоа како се напредува на терен и како се завршуваат работите и така се испорачуваат фактури и така се повлекуваат заеми и така се плаќаат, појасни премиерот Мицкоски и продолжи:
„Втората теза, зошто онаа одлука на владата од 31 август за задолжување на Меѓународниот пазар не била предвидена во ребалансот на буџетот, затоа што таа е да се издаде Еврообврзница во следната година за да можеме да ги вратиме нивните долгови кои што го крадеа народот и ги празнеа буквално институциите и министерствата. За да можеме да ја вратиме обврзницата која што тие ја земаа во корона кризата за да можат да горат модуларни болници, за да можат да набавуваат стабври вакцини, а притоа граѓаните да бидат на дното според превенцијата, на врвот по број на жртви за време на корона кризата“.
-Ете таа опозиција денеска ја имаме во Македонија. Значи, бандитска опозиција која што продолжува да биде континуитет на бандитска власт, во периодорт, кога СДСМ и ДУИ беа Влада во Македонија, заклучи Мицкоски во однос на изнесените тези од страна опозицијата за долгот на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…