Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани, ОЈО итно да спроведе истрага и да се објават снимките

t

Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска шема за негово пуштање е огромен, мега скандал за кој мора да има одговорност. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е фатена жива, велат во партиско соопштение од СДСМ.

– Тоа што Христијан Мицкоски се фрли на обвинувања на СДСМ и не бара одговорност од никого, покажува дека наредбата за реализација на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово дошла од повисоко. 

Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го забошоти. Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?

СДСМ бара ОЈО да спроведе независна истрага, да не штити никого во овој мега скандал.

СДСМ бара декласификација и објавување на снимките од граничниот премин веднаш. Нека се објават снимките и нека видат граѓаните која е вистината. Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако. 

Тошковски треба да си даде оставка а ОЈО да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…