Мицкоски го покани Радев на средба: Додека котиња од СДСМ коленичат, не очекувам подобрување на односите меѓу двете земји
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно упати покана до новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев, да ја посети Македонија.
Одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот„ Македонија“, дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, премиерот беше дециден дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа.
– Кога победи Радев, јас следниот ден утрото му се јавив, му честитав и му посакав успешни добрососедски односи. Се надевам дека со оваа влада ќе може да разговараме за темите за кои треба. Не гледам причина зошто да не го поканам на средба. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски.
Премиерот додаде дека не очекува брзо подобрување на односите меѓу двете земји, а како виновник за тоа го посочи опозицискиот СДСМ кој, како што рече, ги распродава националните интереси.
– Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување. Наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, кога победи, јас тоа утро му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои треба да разговараме – истакна Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…
СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…
Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…
За да се победи актуелната власт потребно…