Мицкоски: Дел од цените се зголемени, дел се намалени, ако има потреба ќе донесеме мерки

t

Владата подготвува мерки за одредена група производи кои бележат двоцифрен раст на цените, иако, според премиерот Христијан Мицкоски, анализата на пазарот, спроведена во четири големи синџири на маркети – „Зур“, „Кипер“, Кам“ и „Веро“ покажува минимално зголемување од 0,4 отсто.

„Мерките кои евентуално би ги презеле се за сезонските производи, кои веќе двојно ја намалија цената за една недела. Во зависност како ќе се движат, така ќе постапиме. Од оваа анализа имаме некакви индикатори за одредени производи што ги зголемиле своите цени за неколку проценти, односно за двоцифрен број проценти или да бидам попрецизен над 10 отсто“, изјави Мицкоски.

Во анализата биле споредени цените на 55 основни производи во периодот меѓу 1 февруари и 1 април. Било утврдено дека има минимален вкупен раст на цените и оти просечното покачување на цените изнесува 0,4 проценти. Сепак, според Мицкоски, кај одредени производи било забележано и намалување на цените.

Владата веќе им посочила на трговците да не ги зголемуваат маржите, туку да ги намалат, а со цел да се зголеми обемот на продажбата.

„Им кажавме дека треба да ја задржиме цената иста или да ја поевтиниме. Тоа што имавме да им го кажеме им го кажавме. Тие мислам дека направија нова математика и ја задржаа цената и ја намалија“, вели Мицкоски.

Според него, кризната состојба е продолжена, но и кажа дека Македонија се справува „убедливо најдобро во регионот“. Додаде и дека мерките со намалување на ДДВ, кои претходно биле критикувани, сега се препорачуваат и на европско ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Дел од цените се зголемени, дел…

Владата подготвува мерки за одредена група производи…

Цените на нафтата повторно над 100 долари

Цените на нафтата повторно се искачија над…

Цените на нафтата паѓаат, а пазарите растат…

Цените на нафтата нагло паднаа, а акциите…

Пораснаа глобалните цени на маслото и на…

Цените на храната повторно се зголемија во…

ЕУ предупредува дека цените на нафтата и…

Зголемените цени на нафтата и гасот во…