Мицкоски: Изборите се најфер во поновата историја

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за наводен поткуп, притисоци и злоупотреба на институциите врз кандидатите на опозицијата.

Мицкоски вели дека овие локални избори се „најтранспарентни, најдемократски и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија“.

„Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени“, рече Мицкоски во изјава за медиуми на денешниот митинг во Центар.

Премиерот истакна дека доколку СДСМ има каков било индикатор за злоупотреби, слободно може да го контактира и да пријави за да се изврши проверка, но тој е убеден дека такво нешто не постои и е надвор од неговата лична филозофија.

Обраќајќи се, пак, од митинг во Македонска Каменица, Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање в недела во вториот круг, нагласувајќи „додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина“.

Тој го потенцираше, како што рече, историскиот резултат на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, каде коалицијата има победа на советничките листи во 59 општини, вклучувајќи го и Град Скопје, како и веќе избраните 33 градоначалници.

„Јас очекувам во сите 24 општини да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија“, рече Мицкоски.

Тој ги повика граѓаните кои се двоумат да излезат и да гласаат, за да не дозволат некој друг да одлучува за нивната иднина, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет активни пожари на отворено, три се…

На територија на државата денеска до 18…

Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…

Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…

Девет луѓе беа убиени во украински напад…

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…

Почина легендарниот актер Тим Кари

Актерот Тим ​​Кари, кој почина на 80-годишна…