Мицкоски има изгубено 130 илјади гласови! Еве колку гласови имаат освоено партиите на локалните избори
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најголем број гласови и за советнички листи на ниво на државата, додека втори се Социјадемократскиот сојуз на Македонија, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).
Имено, според првичните неофицијални резултати, ВМРО-ДПМНЕ има освоено вкупно околу 301 000 гласа на гласањето за советнички листи на државно ниво, односно во сите 80 општини.
Нивниот политички ривал, опозицискиот СДСМ, пак, заостанува за повеќе од половина од гласовите што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ. За партијата од Бихаќка, на вчерашните избори за советници гласале околу 125 000 граѓани.
Трета, по ред, во оваа категорија, е коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ, која има добиено нешто повеќе од 114 000 гласа за советнички листи.
Нивниот главен политички ривал, владејачката коалиција ВЛЕН, според првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија, има освоено околу 92 000 гласа за листите за советници.
Политичката партија Левица, пак, ја добила поддршката на околу 58 000 гласачи.
Владејачката ЗНАМ ги добила гласовите на околу 39 000 гласачи, додека коалицијата ГРОМ – ЛДП, околу 13 000 гласови.
Инаку, станува збор за податоци добиени врз основа на обработени 3 471 избирачко место, од вкупно 3 474 или во проценти – 99,91 осто.
Според податоците на ДИК, објавени на нивната веб-страница, ажурирани утрово во 9:20 часот, на вчерашните локални избори за советници гласале 883 937 граѓани.
Бројот на важечки гласачки ливчиња, како што може да се види од овие податоци, е 833 984, додека неважечки се 49 957 ливчиња.
Излезеноста е 48,29 осто, врз основа на бројот на обработени избирачи кои гласале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…
Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…
Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…