Мицкоски контра Светска банка: Сме имале исклучителни економски перформанси

t

Премиерот Христијан Мицкоски од говорницата на Самитот Македонија 2025 најави дека економскиот раст во првиот квартал може да достигне меѓу 3,5 и 4 проценти, дури и до 5–6 отсто доколку се подобри состојбата во автомобилската индустрија во Европа. Но, овие проекции делуваат како преголем оптимизам во споредба со неодамнешните предупредувања од Светската банка и други меѓународни институции.

Светската банка во своите априлски проекции за 2025 година предупреди дека македонската економија се соочува со „структурна ранливост“, бавна реализација на капитални инвестиции и голема зависност од увоз. Според нив, проектираниот раст за целата година е околу 2,5 проценти, со ризици од политичка нестабилност, слабост во правната држава и неефикасна јавна администрација.

Мицкоски, пак, зборува за „исклучителни перформанси“ и за тоа дека земјата „е пред сите други“. Такви тврдења не се поткрепени со официјални квартални податоци од Државниот завод за статистика, а уште помалку со макроекономски индикатори како индустриско производство, трговски биланс и инфлација. Всушност, индустриското производство во февруари годинава забележа пад од 2,1%, додека цените на храната и понатаму притискаат врз буџетите на граѓаните.

Во ваков контекст, да се зборува за Македонија како „крстосница на коридорите 8 и 10 “ без јасен план за реализација, звучи повеќе како геополитичка фраза отколку како економска стратегија. Инфраструктурните ветувања се повторуваат со години, додека голем број капитални проекти остануваат само на хартија.

Додека премиерот зборува за „идни напори“ и „потенцијал“, фактичката слика покажува дека македонската економија се соочува со хронична недоверба од странските инвеститори, одлив на млади кадри и неусогласеност меѓу образованието и пазарот на трудот – прашања кои ретко се адресираат со конкретни решенија.

Иако не е невообичаено политичарите да користат оптимистички тонови во јавни настапи, разликата меѓу зборовите и реалноста станува сè поочигледна. Граѓаните не живеат од индикатори и форуми, туку од своите плати, сметки и секојдневни трошоци. А таму, економскиот раст од 4 проценти сè уште не се гледа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…