Мицкоски: Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост, со плетење мрежи и со неконзистентност – греши
На денешниот 18-ТИ Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што истакна дека лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ не е награда, ниту привилегија, туку обврска и жртва што ја носат само оние што имаат интегритет и дисциплина и сила да ја носат тежината на државата
Претседателот Мицкоски упати јасна порака до членството и до сите кои ја следат работата на партијата.
„Кој мисли дека претседател на ВМРО-ДПМНЕ се станува лесно – се излажал. Кој мисли дека функцијата се наследува заради блискост или по случаен пат, со плетење мрежи и со неконзистентност – погрешил. Кој мисли дека довчерашните субјективни заслуги ќе му донесат утрешна награда – не ја разбрал оваа партија“, вели Мицкоски и додава:
„Мојот наследник на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде човек што само победува во анкети, или што знае да аплаудира. Тоа ќе биде човек со ’рбет, со интегритет, со дисциплина и фокус. Ќе биде човек што знае да ја носи тежината на државата. Што знае да издржи. Што знае да прости. Што знае да биде чесен и кога боли и кога сите се откажуваат од него затоа што во моментот им е така опортуно да прават. Наследникот мора да биде човек што ќе знае дека партијата е поголема од него, а не човек што мисли дека е поголем од партијата. Мора да биде човек што ќе може да ја води Македонија – не во 2025 година, туку во 2050 година“.
Мицкоски додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не се успевало со шепотења по ходници, со интриги или со претерана самодоверба, туку со работа, пожртвуваност и искрена намера да се служи на државата.
„Мојот наследник ќе мора да го носи овој товар со истиот мир што го носам и јас денес. Ќе мора да биде човек што може да ја води државата, а не човек што ќе ужива во раскошот на функцијата заслепен од своето его. Ќе мора да биде повикан од зрелост, а не од суетата“, заклучи Мицкоски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…