Мицкоски: Македонија е создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет

t

Во Македонија треба обединетост како нација бидејќи Македонија е земја создадена од жарот за слобода и правдини и затоа е поддршката за Украина, во Собранието треба да се донесе декларација за мир во Украина и заштита на нејзиниот интегритет, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

– Сите ние имаме одговорност пред самите граѓани, и затоа жалам навистина жалам, што не можам повеќе да сторам за да го спречам тоа што таму се случува. Кога би можел се би дал да ги убедам тие политичари кои денеска одлучуваат дали некои човечки животи ќе траат подолго, а некои пократко. Жалам што не сум толку моќен во геостратешка смисла да тоа го направам, но едно знам дека мора да им се даде шанса на мирот и дипломатијата, и дипломатските преговори и разговори. Бидејќи тоа е иднината за сите нас, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека од друга страна додека има ваква несреќа, каде има стотици загинати, каде животи се губат, каде луѓе испаничени за своите животи се спасуваат, власта, оваа тука, СДСМ брои лајкови на социјалните мрежи, прави политика кој на која страна бил.

Додека Ковачевски ја распродаваше Македонија преговарајќи за идентитетот, газејќи дебели црвени килими и седејќи во удобни кожни фотелји во Брисел, разговарајќи со Петков, распродавајќи го достоинството, додека го продаваше она кое ни е преостанато и наследено од нашите предци кои со глава го платиле ова што ние денеска го живееме, јас имав состанок со амбасадорот на Руската Федерација во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, уште пред 20 дена и гледајќи го во очи јасно му кажав дека го поддржувам територијалниот интегритет и суверенитет на секоја независна држава како што е Украина, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека покрај Декларацијата за Украина мора да се донесе и Декларација за великанот Гоце Делчев, којашто упорно од СДСМ одбиваат да ја поддржат.

– Тоа е нешто кое што во името на сите наши борби и стремежи го должиме како симболичен гест и искрена желба како народ со своја историја на слобода и борба за правда, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Помошта за Украина останува блокирана

Министрите за надворешни работи на Европската унија…

Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски…

Зборовите "јадете колачиња" во "Ако немате леб,…

Арестович: Време е за мировни разговори

Алексеј Арестович верува дека култивираната личност „херој“…

Велика Британија ќе ја обезбеди Украина со…

Британското Министерство за одбрана планира да ѝ…

Подољак: Потребна ни е подобра пропаганда за…

Михаил Подолијак се осврна на видеото на…