Мицкоски на иста маса со уапсен нарко-бос: Што бара “лидерот” на опозицијата со ликови од криминалното подземје?!

t

Порано велевме “нема криминалец што не е фотографиран со Заев”…

Во голема полициска акција денеска беа запленети 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра, со што беше пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тоа е работа на МВР и овде нема што да се коментира, но вреден за коментар е фактот дека безгрешниот, “чист како солза” како што самиот милува да каже за себе, “лидер” на ВМРО-ДПМНЕ е фотографиран со еден од приведените при полициската акција.

Се работи за лицето Мухамед Адеми (М.А) од Грчец, 44-годишен, кој денеска е приведен откако не застанал на полициски знак за запирање, по што бил фатен, а во неговиот автомобил биле пронајдени 32 килограми марихуана.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Мицкоски заедно со ова лице на маса, на фотографијата можат да се забележат и Антонио Милошоски и останати лица од Кондово кои се поврзуваат со слични криминални активности.

Се поставува прашањето: Што бара Мицкоски на иста маса со нарко-дилери и криминални структури кои се дел од меѓународен синџир за трговија со дрога? Дали и зошто Мицкоски контактира со вакви лица од македонското подземје и каде се “конзервативните” вредности за кои тој зборува доколку може да седи на иста маса со некој кој е закана за македонската младина?

Инаку денеска (03.12.2023) на влезот во Гостивар, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, Специјалната антитерористичка единица Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Охрид, ОВР Струга, СВР Тетово и ОВР Гостивар, координирана од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, беше спречен меѓународен транспорт на 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра, од Република Албанија во Република Македонија.

На местото биле запрени две патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Првото, во кое биле К.Л.(35) од Скопје, со престој во Горна Матка, В.Б.(46) од Скопје, со престој во Горна Матка и албанскиот државјанин Г.Џ.(42), било претходница. А во второто, кое го управувал М.А(44) од село Грчец, била транспортирана дрогата. На знак за запирање, даден од полициски службеници, возилото не застанало и се обидело да побегне, но набргу било запрено и во багажникот биле пронајдени три торби со околу 32 килограми марихуана. Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албанскиот државјанин, кој бил баран со потерница во Република Албанија и други држави од Европската Унија, исто така, за недозволена продажба на наркотици.

Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи. Лицата биле лишени од слобода, а во текот на денот, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, при што биле пронајдени марихуана и други материјални докази за нивната инволвираност во вршење на кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

И денеска можат да се подигнат готови…

Лични документи можат да се подигнат и…

МВР, ЈО и АНБ се комплетно подготвени…

Во врска со претстојните избори денеска во…