Мицкоски на средба со новиот директор на ИРИ Крис Бренан
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Стефан Андоновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска остварија средба со новиот директор на Меѓународниот Републикански Институт Крис Бренан за Република Македонија.
Мицкоски му посака добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување на брзи предвремени парламентарни избори.
Од страна на Мицкоски беше укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и Димитар Ковачевски за кој како што рече нема легитимитет од страна на граѓаните, потенцијална е и политичка криза која негативно ќе влијаа врз граѓаните, но и врз државата.
Мицкоски вели дека е потребно одржување на предвремени парламентарни избори се со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.
Соговорниците се согласија на понатамошна соработка и продлабочување на односите, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…