Мицкоски: Очекуваме помош и поддршка за ситуацијата со пожарите и од Србија, Црна Гора и Словенија

t

Во изјава за медиумите денес во Охрид премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во текот на утрешниот ден или најдоцна до задутре да биде ставена под контрола ситуацијата со пожарите. Мицкоски рече дека покрај помошта од Турција која денеска пристигна, се очекува помош и од Србија, Црна Гора и Словенија.

– Од Турција се пристигнати два авиони и еден хеликоптер. Двата воздухоплови веќе работат на смирување на охнената стихија во атарот на општината Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај. Очекуваме помош и поддршка, и тоа само во воздухоплови бидејќи станува збор за непристапни региони, и од Србија, Црна Гора и Словенија, рече Мицкоски.

Претходно, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека утрината на аеродромот во Скопје слетале два авиони „ер трактори“ и еден хеликоптер кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите на планината Серта и на Ограджен.

Владата на барање на Кризниот штаб на Неготино во саботата доцна вечерта прогласи кризна состојба во траење од 30 дена по што вчера на терен во гаснењето на пожарите се вклучи и Армијата и полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…

Во мај пријавени се три случаи потврдени…

Во текот на мај, во државава пријавени…

Почина новинарот Владимир Лапе

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…