Мицкоски: Повикувам државната химна да се интонира во сите училишта и во сите општини

t

Премиерот Христијан Мицкоски бара македонската химна да се интонира во сите училиштата и во сите општини во земјава, без разлика на етничката структура на населението.

Тој денеска изјави дека интонирањето на химната е прашање уредено со Уставот и закон, нагласувајќи дека е потребно тие да се почитуваат.

„Јас повикувам сите, апсолутно сите општини, без разлика на етничката димензија, државната химна да се почитува и да се интонира во училиштата“, истакна Мицкоски.

За интонирањето на химна на друга држава, премиерот рече дека и тоа прашање е регулирано со закон.

„Има закон како се регулира тоа и согласно законот може да се интонира химна на друга држава доколку се интонира и државната химна“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

(Видео) Митовски за Инфомакс: Отворање на рудникот…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта

„Злоупотребите на Државна лотарија продолжуваат и под…

(Во живо) Трендафилов: Годинава веројатно ќе започне…

Состојбата не е ни малку добра за…

Условена казна затвор од 5 години за…

Судот постапувајќи по обвинителниот предлог на ОЈО…