Мицкоски разочаран: Таравари отиде во туѓи прегратки
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му даде овластување на премиерот и лидер на партијата да номинира нови кадровски имиња.
-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовен состанок на кој разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата, меѓу другото. Имаше и некои други кадровски прашања, подготовки за активности во периодот кој што следи. Очекувам до крајот на месецот да излезам пртед членовите на Извршниот комитет со предлози за кандидати за градоначалници. Процедурата е таква, па од таму оди на Централен комитет. На состанокот, членовите на ИК на партијата ме овластија во периодот кој што следи, добив дозвола да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние кои одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ од партијата на Арбен Таравари, рече Мицкоски.
Детали за нови имиња, ротација на ресори и слично, Мицкоски не даде. Повеќе ќе се знае следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…
Денес се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка
Родена е во Рим од благородни родители…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени сончеви периоди. По…