Мицкоски: Реформите се домашна работа што ја завршуваме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со европерспективата на државата, истакна дека целта е прво да ја завршиме домашната задача поврзана со Реформската агенда, а потоа останува на Унијата дали ќе продолжи да го билатерализира нашиот процес на пристапување.
-Македонскиот евроинтегративен пат е неминовно поврзан со волјата на 27 земји-членки, една од нив е и од Бугарија. Знаете дека со нив имаме проблем, но ние имаме цел да си ја завршиме домашната задача, да се подготвиме, сите оние отворени прашања поврзани со Реформската агенда да ги завршиме, сите оние реформи што сме ги предвиделе да ги затвориме, рече Мицкоски.
Тој додаде дека откако сето тоа ќе го направиме, тогаш ќе оставиме на 27 земји-членки да одлучат дали ќе го билатерализираат овој процес или ќе биде базиран на критериуми коишто ги имале сите земји коишто му пристапиле на овој сојуз, односно на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…