„Мицкоски сака да биде и претседател и премиер и Јавен обвинител“: Пендаровски им порача на граѓаните да не го дозволат тоа

t

Никогаш не сум помилувал и нема да помилувам криминалци, а ВМРО-ДПМНЕ уште како опозиција покажа дека не толерира слобода на говор и медиумско изразување, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој денеска се сретна со граѓаните на општините Ранковце и на Крива Паланка каде ја претстави својата визија и програма за следниот петгодишен мандат.

– Кај мене немало тајни разговори за амнестија на кого било. Јас се сомневам дека господинот Мицкоски ги има измешано луѓето и идентитетите. Јас не сум Ѓорге Иванов, тој помилуваше криминалци. Јас тоа никогаш не сум го направил и нема да го направам. Видовме сите пред три-четири дена, уште во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ почна со тепање и апсење новинари. Пред неколку дена, новинар на новинарска задача кој следи фудбалски натпревар, беше нападнат од специјална полиција. Тоа во наше време се немаше случено, никогаш досега во овие шест-седум години се нема случено полицајци од специјални единици да апсат новинар кој е на работна задача – рече Пендаровски потсетувајќи на случаите со апсењето на новинарот Томислав Кежаровски и затворањето на А1 телевизија.

Одговарајќи на прашања од граѓаните, за кампањата и заканите што ВМРО-ДПМНЕ ги упатува кон него, Пендаровски порача дека Мицкоски е уверен дека ќе стане и премиер и претседател и државен јавен обвинител, но дека граѓаните сепак тоа нема да му го дозволат.

– Во првите неколку дена од кампањата ВМРО-ДПМНЕ тргна со една културна дебата, но после неколку дена, кога видоа како им оди, односно не им оди, почнаа со директни закани кон мене, но и кон другите, па дури Мицкоски се дрзна да каже дека ќе ми го проверел мојот имот и имотот на моето семејство. Јас ќе треба да му објаснам неколку работи, затоа што неговата кандидатка која е доктор по правни науки, до сега не му ги објаснила. Во демократијата има поделба на власта, 33 години сме независна држава и секој ден повторуваме за независно судство. Политичарите не можат да обвинуваат, не можат да апсат, не можат по телефон да диктираат пресуди. Но, тој е навикнат на тоа што го правеа неговите претходници, кога тој беше генерален секретар на партијата и сега не може да се воздржи и мисли дека пак ќе биде така. Освен што тој зборува на место на неговата кандидатка и сака да биде претседател и премиер, тој сака да биде и државен јавен обвинител. Да биде сигурен, тоа јас и вие, граѓаните нема да му го дозволиме – порача Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Крива Паланка и Ранковце на 24 април и на 8 мај да дадат поддршка за бројот 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, на повеќе места…

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Гордана Силјановска ќе ја почитува „Северна“ и…

Не планирам да ги тргам таблите со…