(Видео) Мицкоски: Сега се гледаат резултати, се што е ветено се реализира

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на населба Радишани.

Мицкоски истакна дека му претставува задоволство кога ќе може да посетам нешто што веќе се гледа, а претходно било ветувано и за жал не било реализирано.

-Посебно импресивно делува ова што го кажа градоначалникот Дарко, а исто така за мене посебен впечаток остави, како што тој рече очистената џунгла во коритото на река Серава подолу.

Средина во која што живееле жителите овде во населба и село Радишани и ќе продолжи понатаму тоа да се средува. После подолго време луѓето виделе дека има и мост и дека има и вода во речното корито, односно дека постои река.

За жал изминатите четири години тоа било комплетно напуштено и запуштено, еве би рекол така.

Ова што се прави во училиштата, ова што се прави за луѓето кои што сакаат да се занимаваат со спорт, тоа што се прави со реквизитите и играчките за децата во градинките навистина делува импресивно. Продолжуваме и понатаму да работиме.

Она што го гледам од страна кај нашиот политички противник е дека ги критикуваат овие мои посети. И би рекол оние скапо платени со украдени народни пари ботови кои што пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А, СДСМ тоа што го ветува, го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти кои што граѓаните ги бараат од нас за довербата која што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори, нагласи Мицкоски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…

Главното прашање на овие избори е европската…

Главното прашање на овие избори е европската…

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…

Оливер Андонов: Шизофренија

Шизофренијата е сериозна ментална болест, но како…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…