Мицкоски се пофали: Ние не сме против автопатите кои ги градат Бехтел и Енка и ние ги имаме предвидено во програмата

t

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против изградба на автопатите што се дел од коридорот 10 – д и дел од коридорот 8, коишто се всушност и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече опозицискиот лидер, велејќи дека партијата е против криминалот кој го прави оваа Влада.

ВМРО-ДПМНЕ не е против ниту еден проект којшто опфаќа одредена целна група, етничка група или географска положба во Македонија, ниту, пак, не е против изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д зашто нивната изградба е предвидена и во нашата програма, вели лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски.

„Но за што сме против? Против сме, да знаете дека не можете работаната недела, бидејќи постои одлука на Уставниот суд, да ја продолжите од 40 на 60 работни часа, а да потпишете договор којшто ќе опфати пенали во вредност повеќе од 200 милиони евра. За тоа сме против и за тоа ќе има одговорност“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…

САД ја укинаа забраната за летови, се…

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…

ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…

Унгарската Национална служба за обновување и заштита…

Трамп ќе се сретне со Путин и…

Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…