Мицкоски: Со одлуките што ги носат, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту сегашните плати
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека не се согласува судиите и обвинителите да земаат повисоки плати, како што предвидуваат реформските закони во правосудството, бидејќи одлуките што ги носат и рејтингот што го имаат, според него, покажуваат дека не ги заслужуваат.
„И секогаш чувстувам некаква мачнина, бидејќи тие сега и овие плати што ги земаат не ги заслужуваат, имајќи предвид вакви судски одлуки за кои вие сега зборувате“,изјави Мицковски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на Штип.
Имено, премиерот беше прашан за коментар на вчерашната пресуда за докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во предметот „Онкологија“, кој се однесува на несовесно лекување пациенти. Пешевска, како второобвинета, по признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје вечера прогласи за виновна за делото тешки дела против здравјето на луѓето и ѝ изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години таа не стори друго кривично дело.
Мицкоски не ја коментираше директно пресудата, туку се осврна на неговите општи ставови кон македонското судство и обвинителство, кои како што рече, досега многу пати биле кажани и разговарани.
Нив премиерот ги изнесе на брифингот со новинарите во петокот, говорејќи за Реформската агенда која го вклучува и правосудството, а ги повтори и денеска.
Тој наведе дека секогаш кога се зборува за доцнење во процесот на носење закони што значат реформи во судството и обвинителството, јавноста треба да знае дека тие закони, или вкупно шест на број, во суштина се однесуваат на зголемување на средствата што од буџетот треба да се одвојуваат за судството и за обвинителството. Според проектираните реформи, тој процент за судовите треба да биде 0,8 отсто од БДП и 0,5 отсто за обвинителството.
Овие зголемувања на буџетите, според Мицкоски, директно ќе имплицираат зголемување на платите на судиите и обвинителите, кои, како што вели, тој не ги заслужуваат и оние што ги добиваат сега.
„Така што, сакам граѓаните да знаат дека сите оние т.н. експерти кога излегуваат во јавноста и кога ја критикуваат Владата за застој на реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8 проценти од БДП, а на обвинителите 0,5 проценти од БДП, што е два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската Унија. Не е проблем, ние ќе ги зголемиме и три пати, но да ги заслужат. Јас имам дилема дали и овие плати тие ги заслужуваат коишто сега ги земаат“,изјави премиерот.
За потсетување, Мицкоски на брифингот во петокот рече дека за Владата, премногу пари се трошат и на нашиот претставник во Европравда (Eurojust), за што намерата им е да го сведат на статус на дипломат на ниво на трет претставник во нашата ЕУ-мисија во Брисел, со што би се намалила платата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…
Мицкоски на родителите им барал да му…
Родителите на починатите деца во пожарот во…