Мицкоски уште чека СДСМ да го прифати неговиот предлог за влез во Владата
На прославата по повод роденденот на партијата Мицкоски вечерва уште еднаш повтори дека чека СДСМ да прифати широка коалиција без ДУИ, како услов за гласање на уставните измени, или како што Мицкоски сака да каже, да исполнат еден од двата “услови” кои ги поставил на лидерската средба.
-„Власта ако се вразуми, во што не верувам, тука сум да разговарам единствено за она што ќе значи исполнување на еден од двата предлози кои ги дадов. Тоа се нашите црвени линии од кои нема повлекување. А, за најавите дека ќе разговарале со пратеници, ќе им кажам и ќе им порачам ова не е 2018-та година, друго време е. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последниот браник кој нема да попушти под какви и притисоци тие да прават, зошто и тие знаат, и народот знае дека им се избројани деновите. А, изборите стануваат единственото решение за излез од кризата“, рече Мицкоски.
Мицкоски претходно во неколку наврати нагласи дека не е против промена на Уставот односно внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…