Мицкоски ја свитка кичмата пред Таравари и Меџити: Наместо да го поддржи законот за бранители обвини дека е поднесен за да ја дестабилизира Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска не го поднела Законот за бранители во Собранието затоа што им мисли добро на бранителите, туку за да создаде „ваква состојба“. Неговата изјава доаѓа откако лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити и Арбен Таравари рекоа дека се против носење на законот.
„Овој закон кој што вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката Славјанка Петровска односно СДСМ и она што е интересно, кога се гласаше потребата за донесување на дневен ред, СДСМ ја напушти седницата. Зошто ова го споменувам, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку за да создадат ваква состојба, за повторно етнички тензии, нетрпеливост бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите партии без разлика дали од македонскиот или албанскиот блок ќе играат во периодот што следи“, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешното отворање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Општина Бутел, додавајќи дека бранителите ја имаат неговата недвосмислена поддршка.
Претходно, министерот за животна средина Изет Меџити рече дека пратениците од коалицијата Вреди се против измените на Законот за бранители без да се донесе закон со кој што ќе се регулираат привилегиите на припадниците на поранешната ОВК. Министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека е загрижен поради законот и дека ќе седнат да разговараат со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за да се најде решение.
Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства е поднесен од пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и е ставен на дневен ред на денешната собраниска седница како 31. точка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…