Мицкоски: Ќе развивам армијата, Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше на презентација на новопристигнатата опрема во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, донација од САД. На презентацијата присуствуваше и Амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество коешто ќе напредува и општество коешто ќе нуди иднина за сите граѓани, нераскинлива алка се разбира од овие амбиции е и македонската Армија.
Денеска присуствуваме на овој настан којшто е продолжение би рекол на настанот што се случи пред една година за којшто зборуваше почитуваната амбасадорка на САД и јас сум навистина горд што ете полека но сигурно се доекипираме, се комплетираме и ја јакнеме македонската Армија.
Тука нема да застанеме, ќе продолжиме и понатаму.
Во насока на дефинирање на приоритетите, нешто за коешто претходно зборувавме со началникот на Генералштабот, со министерот, со амбасадорката и со останатите колеги во годините коишто следат за да можеме да го планираме буџетот, да инвестираме и во развој на државата и во развој на Армијата,
Но исто така кога зборуваме за вложување во Армијата зборуваме и за модернизација и конструкција на двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 коишто во суштина не само сега туку и во иднина ќе претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО каде што и ние како Македонија припаѓаме и тоа е еден од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат, модернизација на Армијата, снабдување на она коешто е потребно и дефинирање на приоритети и реализирање на тие приоритети од аспект на опрема. Но исто така и модернизација и конструкција на овие 2 важни логистички коридори за НАТО, посебно за Јужното крило на НАТО.
На крај би сакал да се заблагодарам на сите оние коишто се дел од македонската Армија, на војниците, на старешините, на генералите, на началник на Генералштабот, да се заблагодарам на министерот со којшто работиме секојдневно, разговараме што можеме нешто плус да направиме за македонската Армија се разбира, да се заблагодарам на амбасадорката на САД којашто секогаш дава поддршка, секогаш е тука кога треба да разговараме во делот на модернизација на македонските вооружени сили и убеден сум дека како стратешки партнери, можеби ние сме во случајот многу помал партнер споредено со САД, но сме значаен партнер бидејќи партнерствата се градат, партнерствата се одржуваат, партнерствата се негуваат и во таа насока ќе продолжиме во годините коишто следат“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ќе развивам армијата, Капацитетите на Армијата…
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска беше на презентација…
По шест години порибено Охридското Езеро со…
По шест години повторно порибено Охридското езеро…
Марта Кос ги осуди нападите врз граѓани…
Европската комесарка за проширување Марта Кос ги…
Делегациите на Путин и Трамп, сместени во…
Поради големите гужви во Енкориџ пред самитот…
Десет кандидати во трка за претседателската фотелја…
Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за…