Мишел: Го пофалив лидерството на Ковачевски да испорача конкретни резултати
Со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на средбата во Словенија, разменивме мислења за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, објави премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.
Тој во Словенија учествува на Бледскиот стратешки форум, каде се сретна со Шарл Мишел.
Ковачевски во објавата понатаму вели дека со претседателот на Европскиот совет разговарале за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата, за што Република Македонија има поддршка и од ЕУ.
„Согласни сме дека сите политички чинители имаат обврска да придонесат кон забрзувањето на евроинтеграциите на земјата, бидејќи Македонија мора да ја искористи оваа единствена шанса за членство во ЕУ“, објави Ковачевски.
Мишел пак на твитер објави: „Го пофалив лидерството и одлучноста на Димитар Ковачевски Македонија да напредува на реформската ЕУ-агенда и да испорача конкретни резултати. Целосно ја поддржувам иницијативата за носење на уставните измени и покрај многу политички предизвици“.
Од владината прес служба инфоирмираа дека на средбата со Шарл Мишел присуствувале и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерот за надворешни работи Бујар Османи,
„Посветеноста и поддршката на Европската Унија во процесот на евроинтеграции на Македонија е исклучително важна во дадениот момент, за што е јасно упатена пораката од ЕУ, за важноста на успешното завршување на процесот на уставни измени, за натамошниот тек на процесот на европско интегрирање на земјата“, соопштија од Владата
Членството на Македонија во ЕУ ќе има позитивно влијание и врз севкупните состојби на Западен Балкан, а особено во делот на економски развој како на земјата, така и на регионот, соопштија од Владата.
„Беше потенцирано дека посветеноста и забрзувањето на реформите е клучно за зголемена поддршка од ЕУ во однос на претпристапните средства за земјите од Западен Балкан“, стои во соопштението од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…