Мишел: ЕУ мора да подготви план за проширување до летото 2030 година
Претседателот на европскиот совет Шарл Мишел и во телевизиско интервју за словенечката државна телевизија го повтори неговиот став дека ЕУ до 2030 година треба да биде подготвена за ново проширување со држави што ќе ги исполнуваат условите.
-Mислам дека беше важно да дадам јасна и веродостојна порака. Се надевам дека успеав во тој говор. EУ мора да се организира и да ја врши својата работа, на начин, да подготви нацрт-план за проширување до летото 2030-та година. Мораме да расправаме и да одлучиме за тоа кои ќе бидат приоритетите на ЕУ во иднина и како ќе ги финансираме политичките проекти. Дебатата ќе биде тешка и комплицирана. Нашата порака до земјите од Западен Балкан е дека ЕУ е нивен сериозен партнер. Заедно сме за проширување на ЕУ. Тоа во моментов е една од најактуелните теми. Сите мораме да работиме заедно и да донесеме одлуки, кои ќе бидат од корист за земјите кои сакаат да ни се придружат, вели Мишел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…