„Ми пишуваше и ги бришеше пораките“: Македонска адвокатка со потресна објава за жената убиена од сопругот во Италија!
Катерина Котеска-Стисниовска, која работи како адвокат од 2013 година, а е специјализирана за семејно право и семејно насилство, се огласи на својот Фејсбук откако во Пјаченца, Италија, Македонецот Хако Витанов си ја уби сопругата Милена, а потоа се јави во полиција да го признае убиството.
Милена, според адвокатката Котеска-Стисниовска била жртва на семејно насилство, и таа пред неколку месеци пробала да стапи во контакт со Катерина.
Иако адвокатката очекувала повик од Милена, таа никогаш не се јавила, а Катерина се огласи на Фејсбук:
Срцето ми се скрши…
Жртвата, Македонка во Пјаченца, Италија ме контактирала. Ми пиша и ги бришеше пораките, а јас ѝ оставив телефон да ми се јави кога и да може.
На 05.10.2025 година ми пишала дека ќе ме побара во прва можна прилика. Таа прилика никогаш не дојде.
Зошто драга Милена, не одлучи да избегаш, да го оставиш, да се спасиш???
Душата ѝ била изгорена по смртта на синот кој загинал во сообраќајка, едноставно изгубила желба да се бори.
Но драги жени кои трпите насилство, животот е еден, а вашите деца претрпуваат трауми кои се ненадоместиви.
Насилството ви го уништува здравјето, а траумите на децата нивната иднина.
Апелирам до сите жртви кои во моментот трпат насилство ,да се охрабрат, да тргнат да се спасат. Нема оправдување за семејното насилство! Сите против семејното насилство“, стои во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…