Млад Албанец од Македонија ја шокираше нацијата: Tој што не го почитува својот двор, како ќе го почитува туѓиот?
Најпрво сакам и осеќам потреба како совесен другар, син, брат, пријател, ученик, студент, колега, спортист, да се огласам и да си го искажам својот став во случајот со репрезентативецот на Албанија, како Албанец роден и израснат во Република Македонија, со родно место во Битола, образован од основно, во средно и високо образование во Македонија, од наставници, професори, кои несебично дале многу за мене, осеќам потреба да се изјаснам дека СТРОГО ГИ ОСУДУВАМ и сум против национални, меѓуетнички – ПОТПАЛУВАЊА, ОМРАЗА и слично!
НЕ САМО, бидејќи во случајот е фудбалерот на Албанија, севкупно од сите страни, не подржувам и повикувам на најстрога можна казна и суспензија потоа извинување до сите што се засегнати во случајот МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, НО И МАКЕДОНСКИТЕ АЛБАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА, бидејќи мене и НАС ни штетат повеќе од што можете да претпоставите ваквите ситуации.
Јас како Аријан, стојам на тоа дека тој што мене ме познава и знае кој сум, што сум, какви ставови имам, што и кого подржувам и сум НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦ И ПОГОЛЕМ ОД СИТЕ МАКЕДОНЦИ ПО НАЦИОНАЛНОСТ, зошто го пишувам ова??? – Бидејќи и јас сум МАКЕДОНИЈА, СУМ БИЛ ВО ПРОФЕСИОНАЛНИОТ СПОРТ И ВО ИДНИНА ЌЕ БИДАМ ПОВТОРНО, НАВИВАМ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО СЕКОЈ СПОРТ И СЕЛЕКЦИЈА, ОБЛАСТ, НАТПРЕВАРУВАЊЕ итн, итн.
Го пишувам ова и се срамам од гестот кој што остава трага врз сите нас како АЛБАНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА, другари со кои што сум растел, сум пиел од едно исто шише вода, играјќи, тренирајќи или учејќи заедно, со тоа сме се изградиле како личности кои што ја сакаме државата како наша заедничка, ја почитуваме, ја поддржуваме, навиваме и ја пееме гордо ХИМНАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СЕКОЈ НАТПРЕВАР, БИЛО ТОА НА СТАДИОН, ВО САЛА, НА ТРИБИНИ, ПРЕД МАЛИТЕ ЕКРАНИ и слично.
Уште еднаш сакам да упатам извинување до секој оној што е засегнат за случајот (иако не е воопшто мое да се извинам) со ова се оградувам од случајот или од слични случаии и си го искажувам јавно својот став.
Секој кој што ме познава знае дека секогаш со човек сум бил ЧОВЕК И ПОЛ, така сакам и да остане, ќе се трудам секогаш да се држам до најважните морални вредности, си ја сакам мојата родна држава, си ги сакам другарите, пријателите, наставниците, педагозите, професорите, комшиите од маало, пријателите на моите родители итн итн, нашата МАКЕДОНИЈА повеќе од секоја друга, тоа така било и ќе остане.
#бајдвеј: и ДА ќе заборавев, ако се сретнат во некој циклус квалификации Македонската и Албанската репрезентација, јас ќе си ја поддржам и ќе ја интонирам гордо Македонската химна бидејќи таа ја чуствувам како СВОЈА.
Се водам од реченица која си ја користам секојдневно во секој момент, велат: Tој што не го почитува својот двор, како ќе го почитува туѓиот? – стојам на тоа дека неможе да биде поточна!
Ве почитувам другари, ве имам како свој, ве третирам како СВОЈ.
ЈАС СУМ ЕДЕН ОД ВАС!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…