Објавено на:

Млад и перспективен: Прилепчанецот Бошески е еден од најмладите спортски кондициони тренери кој работи надвор од границите на нашата држава

t

Во следниов текст ќе ве запознаеме со младиот и талентиран Антонио Бошески од Прилеп кој во овој момент работи надвор од границите на нашата држава и се грижи за физичката подготвеност на фудбалерите на Самтредиа од Грузија.

Антонио Бошески има 27 години. Најпрвин започнува да се занима со професионален фудбал во својот матичен клуб ФК Победа од Прилеп каде и ја завршува својата професионална фудбалска кариера на 26 години, но останува во фудбалот, овој пат како кондиционен тренер. Самтредиа од Грузија го препознава квалитетот на Бошески и директно го контактира да замине во оваа европска земја и да започне да се грижи за физичката подготвеност на фудбалерите на Самтредиа кој се дел од најсилната лига во шампионатот на Грузија. Во овој момент веќе се поминати шест месеци како Антонио одлично си ја врши својата фудбалска работа и се грижи за физичката подготвеност на фудбалерите на овој клуб.

За професионалноста и посветеноста на младиот прилепчанец говори и следниот податок. Бошески веќе неколку години има сопствен фитнес центар заедно со својот партнер Даниел Тренески во родниот град Прилеп под името ,,Outdoorfitness” каде голем број на спортисти доаѓаат, вежбаат и дополнително ја јакнат својата мускулатура пред најважните битки кои им следат, а тоа се на спортските терени. Вреди да се напомене дека со ,Outdoorfitness” соработуваат меѓудругите долгогодишниот репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски, потоа Тодор Тодороски кој во овој момент настапува во шампионатот на Азербејџан, Зоран Даноски кој исто така има интернационална кариера, како и многумина други докажани фудбалери со долгогодишно искуство во првата лига како Давор Талески (ФК Шкендија), Јорданчо Наумоски, Филип Димоски (ФК Победа), Благоја Спиркоски (ФК Тиквеш), Дарко Илиески (ФК Шкупи), Бојан Спиркоски (ФК Пелистер) како и многу други активни фудбалери и спортисти од градот.

За крај, сакаме да му посакаме успех на Антонио Бошески во својата фудбалска работа во тимот на Самтредиа во Грузија, а на сите оние кои сакаат долг живот, здравје и добра физичка конституција – да го посетат фитнес центарот ,,Outdoorfitness” која се наоѓа во Прилеп.

Во прилог неколку видеа од ,,Outdoorfitness”, но и како младиот кондиционен тренер се грижи за физичката подготвеност на своите играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…