ММФ: Руската економија се справи со санкциите многу подобро од очекуваното
Руската економија се справи со надворешните притисоци подобро од очекуваното, се вели во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за економската ситуација во Европа.
-„Руската економија е поотпорна на санкции отколку што првично очекуваа многу експерти. Економијата, по остриот пад во вториот квартал од минатата година, закрепна во третиот и четвртиот квартал, намалувајќи го падот на производството во 2022 година за околу 2,1 отсто“, се вели во документот.
Неочекувано добрите резултати на Русија на крајот на минатата година се поврзани со стабилен извоз на нафта. Дополнително, поради растот на цените и одржувањето на обемот на трговијата, нафтената и гасната индустрија оствари рекорден профит.
ММФ смета дека во 2023 година ќе има нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот и намалувањето на обемот на продажбата, но ќе има зголемување на БДП за 0,7 отсто.
Според проценката на Максим Орешкин, помошник на рускиот претседател, растот на БДП на крајот на тековната година ќе биде меѓу еден и два отсто.
Претходно рускиот премиер Михаил Мишустин изјави дека Западот при воведувањето санкции се обидел да ги убеди сите дека тие не се насочени против Русите, но сега на сите им е јасно дека главна цел бил рускиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари
Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…