Многу случаи на измама со брзи кредити, писма за наследства и награди во Битола
Секторот за внатрешни работи Битола информира дека зачестиле пријави од граѓани кои се измамени со злоупотреба на личните податоци, односно подигнување на брзи кредити во име на трето лице, за кое оштетените не се запознати.
Битолчани се измамени со сомнителни електронски пораки, со лажни наградни игри, т.н. лотарии и писма за наследства.
–Со цел спречување на злоупотребата на лични податоци, кражбата на идентитет, како и злоупотребата на дебитните и кредитните картички, во пресрет на празниците, кога се очекуваат зголемен број трансакции, ги предупредуваме граѓаните да бидат исклучително внимателни во делот на компјутерските измами и злоупотребата на личните податоци. Апелираме до граѓаните да внимаваат каде и со кого ги споделуваат или ги изложуваат на увид личните и патните исправи. Исто така, при плаќањата со платежни картички, доколку е потребно да биде внесен пин, задолжително да го внесуваат лично и да не дозволуваат некој друг да го внесува нивниот пин кој треба да се чува во тајност. При плаќањата и купувањето преку интернет, задолжително да се проверува кредибилитетот на продавачот, имајќи ги предвид позитивните и негативните коментари кои ги има на самиот профил, страна, група и слично, појаснуваат од СВР-Битола.
За зголемена претпазливост и безбедност, од СВР-Битола апелираат да се внимава при ажурирањата на податоците, особено кога од корисниците се бара да се внесат лични податоци и број на картичка, односно да се проверува дали е основано барањето за ажурирање на бараните податоци.
-При регистрирањата на одредени интернет страни, особено да се посвети внимание на полисите, односно да се читаат до крај, со цел да се избегне граѓаните да бидат изложени на месечни трошоци во облик на претплата, најчесто назначени на крајот на полисата – најчести примери се при купување на видео игри, инсталирање на канали за игри, филмови и слично, каде купувачите еднаш купуваат видео игра или програма, а подоцна секој месец им се наплатува истиот износ. За време на контактите со непознати преку социјалните мрежи да се внимава да не им се доставуваат податоци од личните исправи како трансакциски сметки од банки, лични фотографии и други лични документи, посочуваат од СВР-Битола.
Во последен период се забележани голем број поплаки од граѓани кои при купување на интернет производи и нивна достава до врата, вообичаено се измамени во делот на квалитетот, но и дека порачале еден производ, а друг им пристигнал по брза пошта. При обидот продавачот повторно да е контактиран, најчесто тој е недостапен, информираа од СВР-Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме
Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…
Во битолското земјоделско училиште се запишале само…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…
Македонското знаме се развиори во Шведска на…