Многу сработиле: Не е исцрпен отчетот на министрите на ДУИ – Ќе продолжат на 19 ноември

t

Состанокот на Раководството на Интегративците синоќа траеше околу 10 часа и беше оставено расправата да продолжи на 19 ноември.

Тоа значи дека министрите од ДУИ се уште не го довршиле својот отчет пред партијата за сработеното, prenesuva ТВ 21.

Шефот на партијата Али Ахмети по средбата рече дека извештајот ќе го уредуваат тројца високи функционери, а за разрешување на кој било министер рече дека тоа не е точка на дневен ред.

„Извештајот ќе се уредува. За уредување на извештајот се назначени тројца високи функционери на ДУИ, генералниот секретар, потпретседателот Меџити и првиот вицепремиер Артан Груби.  Сигурно дека министрите си ја завршиле работата, не значи дека нема простор за давање мислења и предлози и нормално дека сите работи ќе продолжат во рамките на реалноста“, вели Али Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…