МНР не демантира дека Турција “ни ја врати” Теута

t

Молк од Министерството за надворешни работи по информациите за одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор на Македонија во Турција. „Канал 5“ побара официјален став од МНР и лично од поранешната градоначалничка на Тетово, но не доби одговор дали е точно дека по Вашингтон и Брисел, и Анкара не одобрила агреман за неа.

Пред само два дена медиумите пишуваа дека Арифи не го помина филтерот на Европската Унија за амбасадор во Брисел, но по само неколку часа се огласија од МНР од каде демантираа тврдејќи дека Македонија досега воопшто не испратила предлог до ЕУ за да добие агреман, бидејќи се уште немало усогласено решение.

Од друга страна лидерот на ДУИ Али Ахмети пред еден месец потврди дека Арифи е предлог за амбасадор, бранејќи ја пред медиумите дека неговата сопартијка има долгогодишно искуство и може да помогне во дипломатијата.

Арифи беше заменик премиер за евроинтеграции, го познава процесот на интеграција. Проценивме дека госпоѓата Арифи може да даде придонес, поради нејзиното искуство, односи коишто ги имала преходно и во регионот и со Европската Унија, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Испораките на руски гас за Турција речиси…

Испораките на руски гас за Турција преку…

Масакр во западна Турција, непознато лице уби…

Турската полиција трага по маж кој денеска…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја…