МНР не може да објасни дали 24 Мај ќе се празнува како Ден на бугарската азбука

t

Од Министерството за надворешни работи не можат да дадат објаснување дали Македонија го признава државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители како Ден на бугарската азбука, според потписот од првиот Протокол од состанокот на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни 2019 година, објави порталот МКД.

Од МНР за порталот одговориле дека тој Протокол го нема во нивните архиви, а во една прилика актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за ова го обвини неговиот претходник Никола Димитров.

– Вашите забелешки се однесуваат на Протоколот од првиот состанок на меѓувладината комисија, потпишан на 10 јуни 2019 година кој, како што веќе сме информирале, не можевме да го најдеме во архивата на МНР и оттука не можеме да дадеме објаснување. Во вториот протокол таква формулација нема, одговориле од МНР.
Порталот МКД објави дека во тој Протокол пишува дека во Ватикан имало средба на претседателката на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери „по повод 24 мај Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо“.

Потписници на овој Протокол се поранешните шефови на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

„Прашањето до МНР беше дали со овој протпис Македонија всушност признава дека 24 Мај е бугарски празник. Одговор не добивме, а Протоколот и натаму стои на официјалната интернет страница на македонското Министерство“ објави МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ритуал за прием со тепање, нацистички поздрави…

Бугарските власти разбиле неонацистичка организација, која се…

Бугарија ќе биде одговорна и за македонскиот…

Бугарија ќе биде одговорна за изградбата на…

Русија ги загрозува бродските рути во Црно…

Бугарските власти располагаат со разузнавачки информации и…

Речиси пет години биле хакирани државните мрежи…

Меѓународни хакерски групи речиси пет години имале…

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…