МНР: Престојот на Јотова беше најавен по дипломатски пат, не беа побарани средби
Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Република Македонија е пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.
– Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата, наведуваат од МНР.
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како што пенесоа бугарските медиуми, вчера на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во Македонија. На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…
Американската влада проценува дека заканата од ирански…
Следува променливо облачно и потопло време, од…
Следува период на променливо облачно време со…
Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…
Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…
Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…
По налог на Вишото јавно обвинителство во…
САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…
Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…