Можно е замрзнување и на други цени на основни прехранбени производи, најавува Ковачевски

t

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека нема да дозволи одредени производители да прават екстра профит врз грбот на граѓаните.

-Компаниите кои што во моментов не сакаат да произведуваат ваков тип на леб, се всушност компаниите кои ги добија најголемиот дел од субвенциите за евтина струја од 80 евра за мегават час. Ваква цена никаде не можевте да најдете на пазарот во време на криза. Тие треба да покажат одговорност и да го испорачуваат тоа што е потребно. Во нашата држава имаме Закон за трговија, за заштита на потрошувачи и Закон за заштита на конкуренција. Сите законски одредби ќе бидат искористени. Морам да искажам разочарување од страна на дел од производителите. Бевте сведоци по медиумите имаше сметки дека некои продавале леб од 50 денари во доцни ноќни вечерни часови. Тоа е срамота. Од друга страна има одговорни компании и ги спроведуваат мерките согласно одлуките на Владата. На нив сакам да им се заблагодарам, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека во Министерството за економија се прават анализи во однос на цени на други основни прехранбени производи и истакна дека во блиска иднина е можно замрзнување на цените и на други производи кои што се сметаат за основни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови цени на горивата: Бензините поевтинуваат, дизелот…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Паѓаат цените на половните автомобили во Германија

Цените на половните автомобили во Германија продолжуваат…

Владата ќе ги опомени трговците што се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Македонија има најниски туристички цени во Европа

Македонија е меѓу најисплатливите европски дестинации за…