Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни, смета Џафери

t

Имајќи ги предвид моите шест пратенички мандати и ова искуство како претседател на Собранието во втор мандат, функција која првенствено подразбира преземање одговорност, немам дилеми дека двете одлуки што ги донесов се сосема исправни вклучително и овие за иницијативите за референдумите. Во тој контекст јас ништо не сум направил што е надвор од моите надлежности, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

Џафери, во интервју за „Слободен печат“, посочува дека особено во овој период имаат обврска да обезбедат функционалност на Собранието.

– Јас укажувам на сите дека Собранието, поготово во овој период кога веќе сме отпочнале процес треба да е функционално, да ги заврши своите обврски пред се за да обезбеди функционалност на другите институции. Никој не треба да се смилува за да профункционира Собранието во полн капацитет, согласно потребите на држава и на нејзините граѓани, туку секој треба да си ја провери сопствената совест и одговорност, вели Џафери.

Тој верува во одговорноста на пратениците пред граѓаните и државата како уставна обврска и потсети оти се водат преговори во процесот „Жан Моне“ за да се прецизираат деловничките одредби околу улогата и надлежностите на собраниските комисии за собранискиот пленум да не биде заложник на политички и теснопартиски хирови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…

Предложен притвор за семејно насилство во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против…

Тешко повреден е македонски државјанин во Италија…

Македонски државјанин (57) во Италија е тешко…

(Видео) Студентските пратеници пристигнаа пред српското Собрание…

Кандидатите за пратеници од Студентската листа пристигнаа…

Мелбурн се извини откако го забрани старото…

Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…