Момчето на зaгинaта девојка во шок: Се се случило на чекор пред него, морал да добие терапија за смирување

t

Момчето на загинатата Викторија. Н, 24-годишниот Л. Д. по тешката трагедија кај Сити Мол бил однесен во Клиниката за хируршки болести, „Свети Наум Охридски“ од каде велат дека немал сериозни телесни повреди за кои е потребен болнички третман и хоспитализација, па по сите направени прегледи е пуштен на домашно лекување. Информацијата за Фактор ја потврди директорот на Старата градска болница, д-р Љубен Арсенков, пренесува Фактор.

-По трагичната несреќа момчето е донесено тука. За среќа тој не се здобил со тешки телесни повреди. Единствено имал набиеница во делот кај карлицата. Медицинскиот персонал целосно се погрижи за сите испитувања. Направена му е лабораторија, рентгенски прегледи по што е констатирано дека нема потреба да биде хоспитализиран. Пуштен е на домашно лекување со совет денеска да се јави на контрола, вели д-р Арсенков.

Истовремено, посочува дека момчето било во страшен шок, целата ситуација, страшната глетка се случувала пред негови очи.

-Момчето било премногу вознемирено. Една страшна сцена се случила на само еден чекор пред него, заради што му е дадена терапија за смирување, вели д-р Арсенков.

Сообраќајната несреќа со фатални последици за младата Викторија Н. се случи вчера точно во 19.44 пред Трговскиот центар Сити Мол.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претепано момче од 22 години поради долг

Во парк шумата Гази Баба, вчера по…

Во Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел…

Девојка прободена со нож пронајдена на улица…

Три лица се лишени од слобода откако…

Тринаесет годишно момче го погодило гром на…

Тринаесетгодишно момче за малку ќе загинело од…

Трагедија во Турција: Тројца загинати во хеликоптерска…

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во…