Момче со албанско знаме вчера ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово
На Денот на албанското знаме вчеравечер се случил инцидент и пред влезот Конзулатот на Србија во Куманово, каде што младо момче нагрнато со албанско знаме насилно ја отстранило таблата со државниот грб на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, испишан на српски и на македонски јазик.
За случајот, преку соопштение, информираа од Амбасадата на Србија во Скопје, од каде, како што велат, изразуваат длабока загриженост во врска со „вчерашното сквернавење на симболите на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово“.
„Особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и станбени објекти наменети за членовите на персоналот на Република Србија не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението на српската амбасада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…