Објавено на:

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје

t

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет.

– Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана – соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

52-годишна жена запалила тревна површина со дрвја,…

51-годишна скопјанка била лишена од слобода под…

Вонредна дератизација на повеќе локации во Центар…

По зголемена појава на глодачи на неколку…

Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…

И оваа учебна година Општина Центар продолжува…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…