Чао ЕУ, Монако ги прекина преговорите не сакале да ги погазат своите црвени линии
Владата на Монако објави дека ги прекинува преговорите со Европската унија (ЕУ) за Договор за асоцијација што почнаа во 2015 година.
„На вчерашната средба во Брисел меѓу претставници на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во 2015 година“, се вели во соопштението.
Соочена со неверојатни цени на недвижностите на оваа мала територија на брегот на Средоземното Море (до 120.000 евра за метар квадратен во најпрестижните населби), владата дава финансиски стимулации за 9.000 граѓани за да можат да останат во земјата со население од 40.000 жители.
„Ова е неопходно за да се обезбеди одржување на сегашните услови за живот, работа и домување на граѓаните и жителите на Монако“, се вели во соопштението.
„Во овој контекст, двете страни се согласија дека во рамките на актуелниот мандат на Европската комисија нема услови за склучување договор и се согласија да ги прекинат преговорите“, заклучи владата на Монако.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…