Монголија ја засили контролата на границата со Русија по мистериозната смрт во институтот за чума

t

Монголија воведе превентивни мерки и засилен здравствен надзор на граничните премини со Русија по смртта на 28-годишна лабораториска работничка од Институтот за борба против чума во Иркутск.

Монголското Министерство за здравство соопшти дека е спроведена брза процена на ризикот, при што било утврдено дека опасноста за земјата во моментов е ниска. Сепак, надлежните институции добиле инструкции да продолжат со засилен надзор и здравствени проверки на границата.

„Здравствените и царинските власти на Монголија спроведоа брза процена на ризикот за земјата и заклучија дека ризикот е низок“, се наведува во соопштението.

Монголските здравствени власти побарале информации и директно од институтот во Иркутск, а од руската страна биле информирани дека досега не е потврден случај на чума.

На граничните премини се вршат здравствени проверки, додека останатите процедури за преминување на границата продолжуваат без промени.

Руските власти претходно соопштија дека починатата работничка имала пневмонија со непозната причина и дека кај лицата кои биле во контакт со неа не е откриена чума. Светската здравствена организација, сепак, побара дополнителни информации од Москва поради противречните извештаи и наводите за можен втор случај на пневмонија меѓу вработените во институтот.

И други земји во регионот претходно ги засилија санитарно-епидемиолошките мерки по информациите од Иркутск, додека здравствените власти нагласуваат дека засега нема потврда за ширење на чума надвор од Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…

Вишиот суд во Белград потврди дека ги…

По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен…

Израел се наоѓа пред историска можност да…

(Видео) Голем пожар во рафинерија во Индија:…

Голем пожар избувна вечерва, 2 ноември, во…

Русија се повлекува од Конвенцијата против тортура

Русија официјално се повлече од Европската конвенција…

Трамп се подготвува за пораз, најавува помилувања…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е…