МОН ги повика сите кои ќе најдат грешка во учебниците, истите да ги пријават

t

Министерството за образование ги повикува граѓаните и здруженијата да ги пријават грешките во новоотпечатените учебници.

Јавноста изминатите неколку денови бурно реагираше на констатираните небулози во учебникот по Историја и Општество за петто одделение како и Географија за осмо одделение во кој на 38 –та страница пишува дека Финците, Унгарците, Турците се народи од жолта раса во Европа, а очигледно авторите малку ги измешале работите па Бугарија ја направија наш западен, додека Албанија ни е истоен сосед.

– Доколку било кој граѓанин, група граѓани, здруженија и слично, оценат дека во одреден учебник има несоодветна содржина, можат да достава известување до нас и тоа секако ќе биде разгледано и соодветно одлучено. Сите забелешки се доставуваат на електронската адреса [email protected], велат од министерството за образование и наука и велат дека се отворени за соработка и сушестии.

Научната јавност исто така реагираше на грешките во учебниците, од Здружението на Историчари за содржината во Историја и Општество за петто одделение и најавија дека најдоцна во понедленик во МОН ќе ја достават деталната анализа со барање учебникот да биде повлечен.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека учебниците ќе бидат целосно повлечени доколку во нив се констатираат повеќе од 30% погрешни податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…

Националната комисија за учебници одлучи да повлече…

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

МОН го повлекува предметот Сексуално образование од…

Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…