Мора да се штеди: Австриска покраина размислува за гасење на јавното осветлување навечер
Австриската покраина Долна Австрија размислува поради енергетската криза да го исклучи јавното осветлување на зградите и паркинзите во текот на ноќта.
Заменик-гувернерот на покраината Стефан Пернкопф побара укинување на непотребната потрошувачка на струја и посочи дека треба да се размисли дали треба да се осветлуваат јавните институции во текот на ноќта, како и паркинзите.
Тој смета и дека треба да размислиме за воведување временско ограничување за осветлување на трговските центри, излозите и слично.
Тој вели и дека општините и црквите треба да анализираат како можат да заштедат енергија.
Во Долна Австрија, рече тој, 200.000 улични светилки се заменети со ЛЕД светилки, чиј интензитет на светлина може да се намали, пренесува Танјуг.
„Во најмала рака, разбирам дека трговските центри и нивните паркинзи и излози треба да бидат силно осветлени ноќе. Таму често се троши енергија, која би била потребна на друго место“, вели Пернкопф.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По неколку месеци бегство австриските служби го…
Македонски државјанин, кој неколку месеци бил во…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…
Седум српски камионџии се повредени во експлозија…
Седум возачи на камиони од Србија биле…
Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…
Австриската влада најави нов пакет мерки со…
Австрија му донираше три противпожарни возила на…
Територијалната противпожарна единица во Куманово доби донација…