Објавено на:

Морничави детали од пожарот во Нови Сад: Со секира и чекан се обиделе да го пробијат ѕидот за да ги спасат

t

Во пожар во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загина целото семејство, четири деца на возраст од две, четири, пет и седум години и нивните родители.

Таткото на жена која изгоре во пожарот, кој живее веднаш до нивната куќа, ги дели само ѕид, слушнале лелек, истрчале надвор, ја скршиле вратата, но не успеале, пожарот бил голем.

Се обиделе да го пробијат ѕидот со секира и чекан за да го извлечат семејството од пламените јазици, но за жал, шестчленото семејство не можело да се спаси.

Сите шест жртви спиеле во една соба од куќата и според првичните информации причина за смртта е гушење.

Соседите рекле дека сите спиеле, кога слушнале дека гори истрчале надвор, но огнот веќе горел и не можеле ништо да направат.

Се сомнева дека се запалила батеријата на електричниот велосипед, кој бил на полначот, што довело до страшен пожар во кој животот го загуби целото семејство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…