Москва го прошири списокот на луѓе од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија

t

Москва одлучи да ја прошири листата на претставници на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија, водејќи се од принципите на реципроцитет и паритет.

На списокот се наоѓаат шефовите на некои приватни воени компании, како и некои претставници на законодавната и извршната власт во земјите членки на ЕУ, кои имаат лична одговорност за промовирање на антируската политика и спроведување мерки кои ги нарушуваат законските права на руското население и медиумите, соопшти МНР Русија.
Руското Министерство за надворешни работи ја информираше ЕУ за овој чекор и испрати нота до Делегацијата на ЕУ во Русија.

Одлуката за проширување на списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија е донесена поради фактот што Европската унија продолжува да води неправедна, деструктивна и бесмислена политика на еднострани ограничувања кон Русија. Друга причина се дискриминаторските одлуки кои ги ограничуваат правата на руските граѓани и организации.

Москва му предлага на Брисел: Да се ​​откаже од санкциите кои водат во ќорсокак
Москва му предлага и на Брисел да се откаже од санкциите против Русија и нејзините сојузници, кои очигледно водат во ќорсокак, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Предлагаме Брисел да ги слуша советите на разумните Европејци кои повикуваат на откажување од санкциите против Русија и нејзините сојузници, кои го поткопуваат меѓународното право и водат во ќорсокак. Ова е важен предуслов за враќање на стабилноста и безбедноста во евроатлантската област, како и за нормализирање на климата во меѓународните односи“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија.

Европската унија жали за одлуката на Русија
Европската служба за надворешни работи вечерва соопшти дека жалат поради одлуката на Москва да го прошири списокот на лица на кои им е забранет влез во Русија.
Според соопштението, ќе бидат преземени соодветни мерки бидејќи одлуката нема реална основа.

Пишува Спутник рс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција повеќе не е заинтересирана да разговара…

Франција повеќе не е заинтересирана за „разговор…

Лавров во Кина: Ја продолжуваме борбата против…

Русија и Кина ќе ја продолжат соработката…

Зеленски: Украина ќе ја изгуби војната против…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…

Лавров во посета на Кина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…